Кога живата во термометарот ќе се искачи и кога ќе помислите дека не можете да заспиете без клима – размислете уште еднаш. Не е препорачливо да спиете под вештачки изладен воздух, а ако го отворите прозорот, ќе ве „нападнат“ комарци. Сепак, постои решение.
Решението е многу едноставно, иако делува нелогично – облечете чорапи.Ова навистина функционира, без оглед на нелогичноста.
Пробајте и уверете се дека утрото постелнината нема да ви биде влажна од потење во текот на ноќта.
Како што пренесува порталот „Her“, единствената важна работа, што ја потврдува и британскиот магазин „The Sleep Council“ е тоа да ги ставите чорапите во текот на денот во фрижидер и да ги извадите непосредно пред да легнете да спиете.
На овој начин ќе ви се намали телесната температура, ќе спиете полесно и нема повеќе никогаш да се будите во текот на ноќта поради тоа што ви е премногу жешко.