Најдобрите македонски судии ќе ја делат правдата на вечното дерби во Битола!

Се ближи крај на паузата во домашното ракометно првенство, кое претстојниов викенд ќе продолжи со првата рунда од плејоф-фазата и тоа со големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар, кој ќе се одигра пред преполна сала во Битола.

Како што и доликува, правдата на пресметката помеѓу најголемите ривали за шампионската титула, меѓу кои секако е и тимот на Алкалоид, ќе ја делат најдобрите македонски судии во моментов – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Вардарци финалната рунда од првенството ја почнуваат со три бода, колку што имаат и „фармацевтите“ од Автокоманда, додека битолчани од првата фаза пренесоа два бода поради што едноставно немаат право на кикс во дуелот закажан за в сабота од 18 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: