Најдобрите совети за вежбање во зима

Вежбањето во надворешни услови е добро и за телото и за умот, без разлика за кое годишно време станува збор. Сепак, треба да имате неколку работи на ум, кога станува збор за вежбањето во зима.
„Излегувањето надвор, дури и кога е студено, ни овозможува повторно да се поврземе со природата, да се оттргнеме малку од дигиталниот свет и од реалноста и да ги зголемиме концентрацијата и креативноста“, вели личниот тренер Ерик Ридингс.
Вежбањето во текот на зимата има бројни придобивки, го зголемува нивото на енергија, спречува зголемување на килограмите и слично.
На што треба посебно да внимавате?
1. Редовна хидратација
Можеби не чувствувате жед, но мора да пиете вода. Особено во зима забораваме да внесуваме течности, па погрижете се за ова додека вежбате. Пијте најмалку 8 чаши вода дневно.
2. Загревање пред вежбање
Многу важен дел од вежбањето е загревањето. Во зимскиот период мускулите, поради ладното време, се позгрчени и се повеќе подложни на истегнување и повреди.
3. Облека во слоеви
Не е потребно да носите тешка зимска јакна додека вежбате, туку навистина од голема важност е слоевитото облекување и квалитетната зимска спортска облека. Телото се поти додека сме активни, но штом застанеме брзо се лади. Ако вежбате на отворено, брзо ќе ви застуди.
4. Заштита
Заштитите ги рацете, главата и зглобовите, не излегувајте без ракавици и топла капа, како и без доби грејачи за нозе. Важно е и кожата да биде заштитена, со соодветна крема за сончање.
5. Храна по вежбање
По вежбање, на телото му се потребни јаглехидрати и протеини. Може да се почестите со здрав протеински напиток, а јаглехидрати може да внесете преку житарки, тестенини, компир, банани, грашок, ориз, јаткасти плодови и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.