Најдобрите 10 хорор филмови според IMDB

Познатиот филмски сајт IMDB.com  правејќи го обајави ранг листа на најдобрите хорор филмови, кои веројатно ќе ги заинтересира речиси сите фанови на филмската уметност, а посебно на оние кои уживаат во овој жанр.
Со сигурност ќе најдете некој недостаток во листата, но интересно е да се види кој сè се наоѓа на неа.
 Листата е направена согласно гласовите и рејтингот кои ги давале корисниците на овој сајт и еве кои десет филмови се наоѓаат меѓу десетте најдобри хорор филмови:
1. The Shining (1980)
И на врвот се наоѓа филмот на Стенли Кјубрик, создаден врз основа на книгата на Стивен Кинг кој е обожуван од сите вљубеници на филмската уметност. Џек Николсон кој ја толкува главната улога е една од причините зошто овој филм е толку добар, но несомнено умешноста на Стенли Кјубрик е таа која ја носи најголемата вина за создавањето на вакво ремек дело. Можеби Стивен Кинг најде замерки на тоа како Кјубрик ја прикажал неговата книга, но очигледно публиката не се согласува со него.

2. Alien (1979)
Ова е дефинитно еден од најдобрите филмови на Ридли Скот, а некои ќе ви речат дека е фактички најдобриот. Alien направи ѕвезда од Сигурни Вивер, се најде на втората позиција. Во филмот екипажот на една станица се соочува со чудни суштетства, обидувајќи се да се спаси од опасноста која ја претставуваат.
3. Shaun of the Dead (2004)
Уште еден филм кој е резултат на миксот меѓу хоророт и комедијата се најде на оваа листа и можеби многумина и би нашле замерка зошто толку е високо рангиран филм кој дури не е ни производ на чистиот жанр хорор. Како и да е рејтингот и гласовите си го направија своето и филмот во кој еден човек кој покрај тоа што се обидува да си го среди приватниот живот, мора да се справи и со цела зомби заедница, се најде на третата позиција на IMDB.
4. Psycho (1960)
Хорор класиката на мајсторот на овој жанр Алфред Хичкок, иако е создаден во 1960 година, сè уште претставува пример за тоа како се прави хорор филм. Ентони Перкинс се надмина себеси во овој филм и неговиот извонреден приказ на психопатот Норман Бејтс е една од главните нишки кои го прават филмот фантастичен.
5. Cloverfield (2008)
Cloverfield е снимен од малку поинаква перспектива која сме ја навикнале од досегашните филмови и приказната е претставена преку рачна видео камера, преку која можеме да го видиме ужасот кој го преживуваат неколкумина млади луѓе од Њујорк кои мораат да се спасат себеси откако непознато чудовиште го напаѓа градот.

6. Zombieland (2009)
Zombieland не е класичен хорор филм, всушност тој е комбинација од нешто што стана практика на режисерите кои почнаа да го мешаат овој жанр со комедијата. Па, како резултат на овие два жанрови ќе го најдете и овој филм, каде екипа составена од неколку луѓе, секој со својата цел, се обидува да патува низ САД борејќи се попатно со зомби суштества.
7. Saw (2004)
Ова е дефинитивно еден од подобрите хорор филмови создадени во 21 век. Првиот дел беше толку добар што стана основа за создавање серијал. Приказната на првиот дел и се наоѓа на седмата позиција на IMDB и истиот има одлично сценарио во кое двајца странци се наоѓаат заробени во соба со мртво тело кое лежи меѓу нив. Ако сакаат да преживеат, тие мораат да ги следат дадените упатства.
8. The Exorcist (1973)
The Exorcist е хорор класика, која за многу фанови е ненадмината. Од музика, до режија и актерска изведба, речиси сè е доведено до совршенство. Приказната со сигурност ви е позната на сите. Едно девојче е опседнато од демонски сили, па нејзиното семејство последната надеж за нејзин спас ја гледаат во помошта од двајца свештеници.
9. 28 Days Later (2002)
Ова е извонреден хорор филм со апокалиптична приказна, инаку дело на режисерот Дени Бојл. Во филмот главната улога ја толкува Џилијан Марфи, кој толкува лик кој се буди од кома и гледа дека светот кој го познавал повеќе не е истиот. Лондон е напуштен и изгледа како никој повеќе да не живее таму. Подоцна тој се соочува со последиците кои ги предизвикал разорниот вирус кој влијаел врз луѓето.

10. Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street (2007)
Sweeney Todd е филм на Тим Бартон со Џони Деп во главната улога и истиот се базира врз основа на истоимениот Бродвејски мјузикл. Филмот ја следи приказната за Бенџамин Баркер кој има своја берберница во Лондон, а кој ќе го земе псевдонимот Свини Тод откако ќе реши да се одмазди за неправдата која му е нанесена на неговото семејство.Познатиот филмски сајт IMDB.com  правејќи го обајави ранг листа на најдобрите хорор филмови, кои веројатно ќе ги заинтересира речиси сите фано

Пронајдете не на следниве мрежи: