Најемотивната порака Меси ја чуваше за фановите на Барселона, еве што им порача

По 21 година во клубот, Меси денеска им кажа довидување на своите соиграчи и водечките луѓе на клубот.
Најемотивната порака, сепак, ја чуваше за фановите на Барселона.
-Сакав да си одам на поинаков начин, иако верувам дека ниту едно заминување не може да биде убаво…. Ќе беше преубаво да останев тука, направив се за да ја остварам таа цел, но на крајот не се оствари. Имам само зборови за благодарност за сите оние кои ме придружуваа во изминатите години во клубот… За крај, благодарност до нашата публика, до фановите кои ми ја дадоа цела своја љубов и која се обидов да им ја возвратам давајќи се за овој дрес. Си одам, но ова не е збогум, ова е само довидување. Да живее Барса!!!, – порача Меси на Инстаграм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.