Најк ги затвора сите продавници цо САД и Западна Европа

Nike Inc. ги затвора сите продавници за малопродажба во САД и Западна Европа за да помогне во забавување на ширењето на коронавирусот.
Затворањата, во кои спаѓаат и Канада, Австралија и Нов Зеланд, ќе стапат на сила од понеделник и ќе траат најмалку до 27 март. Најк ќе продолжи да ги плаќа вработените за време на исклучувањето, соопшти компанијата.
„Ние преземаме дополнителни чекори и во други објекти управувани од Најк, вклучувајќи ја и опцијата за работа од дома и дополнителни чекори за безбедност и чистење за да помогнеме во заштитата и поддршката на нашите вработиени“, се вели во соопштението на компанијата.
Најк беше една од првите големи марки што се осврна на влијанието на вирусот врз нејзината работа, најавувајќи на 5 февруари дека затвора половина од продавниците во Кина и работи со други во намалени часови.

Компанијата соопшти во неделата дека нејзините продавници во сопственост на Најк во Јужна Кореја, Јапонија и поголемиот дел од Кина во моментов се отворени.

Ние спроведуваме истражување на нашата фан страна за тоа како Филипче се справува со оваа криза. Доколку сакате да се произнесете тоа можете да го сторите тука!

МЕРКИ (14.3.2020)

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.