Корисниците на социјалните мрежи не можат да се изначудат на Британецот кој ги потроши сите три “џокери“ на прашањето за Тајгер Кинг во популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“.
Крег Блекбурн се најде на маки откако водителот Џереми Кларксон прочита прашање во врска со популарната емисија на Нетфликс.
„Која е темата на документарниот филм во кој Џо Егзотик се судира со Керол Баскин“, беше прашањето, но Крег призна дека не ја гледал серијата.
Прво го искористи џокерот „половина“, но не беше сигурен, па повика пријател. Тој пак не знаеше, па Крег остана на џокерот „прашај го водителот“.
Инаку, стануваше збор за прашањето за 4.000 фунти, а Крег успеа да освои 32.000 фунти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Craig gets a Tiger King question but doesn’t have a clue. Starting with 50:50 then phoning a friend (who doesn’t know 😲) and finally asking Jeremy! #WhoWantsToBeAMillionaire #TigerKing #JoeExotic pic.twitter.com/z8KUJWl3ZC
— Who Wants To Be A Millionaire? (@MillionaireUK) January 18, 2021