Најлошите болки кои човекот може да ги почувствуваб

Воспаление на слепото црево
Воспаление на слепото црево е предизвикано од бактериска инфекција, а покрај страшната болка од десната страна на абдоменот ќе почнете и да повраќате.
Чир на желудникот
Чирот е рана која се формира на ѕидот на желудникот и предизвикува голема болка во желудникот. Доколку не го излекувате, чирот може да се пробие низ ѕидот и да дозволи дигестивните сокови да влезат во абдоминалната празнина и ќе предизвика уште полоша болка.
Гихт
Гихтот е болест која се карактеризира со чести напади на воспалителен артритис, најчесто во зглобот на палецот на ногата. Станува збор за еден од најболните видови на артритис, а се карактеризира со отекување на зглобот, црвенило и болка од која ќе нема да може прстот да се движи. 
Тригеминална невралгија
Станува збор за силна болка која се појавува на едната страна на лицето и трае неколку секунди. Некои луѓе таа болка ја опишуваат како удар од струја, додека други со горење и прободување.
Камен во бубрегот
Каменот во бубрегот предизвикува силна болка во долниот дел на грбот, која може да се прошири. Понекогаш е проследена со мачнина, повраќање, крв во мокрачата, а поради неиздржливи болки пациентите итно се обраќаат кај доктори.
Мигрена


Станува збор за интензивна главоболка која се појавува на едната страна на главата, а може да се прошири и на лицето и вратот. Мигрената се карактеризира со пулсирачка болка која некогаш е проследена со повраќање и екстремна чувствителност на светло.
Артритис
Луѓето кои имаат артритис поднесуваат постојана болка во зглобовите, обично во колковите, колената или прстите. Често е проследена со болка во мускулите и вкочанетост.
Срцев удар


При срцев удар луѓето чувствуваат тежина и затегнатост во градите, како и силна болка која може да се прошири кај вилицата, вратот, грбот, рацете или стомакот. Доколку ги почувствувате овие симптоми веднаш повикајте Брза помош.
Кршење на коскитеДоколку се работи за мала фрактура или напукнатост, може да се случи да немате силна болка, но болката од кршењето на коските се смета за една од најстрашните болки кои човекот може да ја почувствува, особено ако се обидувате да се поместете од место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.