Сопругата си купила секси чорапи за да ја “заскокотка“ фантазијата на сопругот. Но, завршила во болница. Чорапите имале шара на змија, па тој помислил дека во креветот покрај неговата жена се наоѓаат две змии отровници. Во истиот момент, сакајќи да ја одбрани својата сопруга, земал бејзбол палка и почнал да мава по “змиите“, односно по нозете на сопругата.
Кога сфатил дека “змиите“ всушност се нозете на неговата сопруга, веќе било доцна, бидејќи тој и го скршил стапалото на неколку места.
Ние мислевме дека се змии. Сметате ли дека сопругот е виновен?