Најмалку пет загинати и над 40 ранети во експлозии на пазар во Ирак

Најмалку пет лица загинаа, а 45 се ранети во две експлозии кои одекнаа во петокот на пазар во град во централниот дел на Ирак, јави AFP повикувајќи се на полициски и медицински извори.

 Експлозивните направи биле поставени во паркирани автомобили на пазарот во градот Диванија. Детонациите одекнале една по друга.
Засега ниту една од познатите вооружени групи во Ирак не ја презеде одговорноста за бомбашките напади.
Во последниве години во Ирак се забележува зголемување на тензиите во врска со борбата меѓу најголемите муслимански заедници – сунитите и шиитите. Во времето на владеењето на Садам Хусеин малцинските сунити ја имаа доминантната позиција во владата на Ирак, но по американската воена инвазија и соборувањето на садамовиот режим во 2003 година, мнозинските шиити ги истиснаа сунитите. Тие преземаа голем број важни јавни функции, меѓу кои и највлијателната – премиерската.
Макфакс
Најмалку пет лица загинаа, а 45 се ранети во две експлозии кои одекнаа во петокот на пазар во град во централниот дел

Пронајдете не на следниве мрежи: