Најмалку седум исламистички бунтовници се убиени во операцијата на федералните руски безбедносни сили којашто трае во саботата на границата меѓу републиките Чеченија и Ингушетија на северен Кавказ, јавува РИА Новости повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет на Руската Федерација.Специјалните сили во саботата околу пладне блокирале група бунтовници од околу 15 лица на границата во планинските области меѓу двете републики. Според соопштението на службата за односи со јавноста на Националниот антитерористички комитет (НАК), престрелката продолжува во текот на денот.„Засега седум припадници на блокираната злосторничка група се неутрализирани, специјалната операција се наоѓа во активна фаза“, се наведува во соопштението што го цитира агенцијата.Се додава, исто така, и дека нема настрадани меѓу припадниците на безбедносните сили, како ниту меѓу локалното население.На местото од судирот се пронајдени четири автомати, три фрлачи на гранати, како и големо количество гранати и муниција од разен калибар. Покрај тоа, во еден од ранците коишто припаѓале на припадниците на бунтовничката група било пронајден детално упатство за изработка на снајперска пушка за дејствување од далечина.Размената на оган меѓу безбедносните сили и исламистичките бунтовнички групи е честа појава на контролните пунктови на патиштата во регионот на северен Кавказ каде што радикалните исламисти прогласија емират.Повеќе од 200 припадници на безбедносните сили и 400-ини исламистички бунтовници се убиени во 2012 година на рускиот Кавказ каде што исламистите прогласија Емират Кавказ, а се наоѓаат нестабилните република, Чеченија, Дагестан, Ингушетија, покажуваат податоците што во јануари ги објавија регионалните власти.И покрај многуте акции за нивно неутрализирање, регионалните власти нагласуваат дека „бунтовниците и натаму привлекуваат нови членови”.Русија се обидува да ги уништи милитантните групи во Северен Кавказ, додека истовремено спроведува програми за заживување на локалната економија. Кремљ ја заврши својата еднодецениска кампања против сепаратистите во Чеченија во 2009 година каде од 1994 година се регистрирани на сите страни вкупно 250 илјади жртви, но сé уште се бори против преостанатите милитантни групи кои не прифаќаат примирје во Чеченија и околните републики, во прв ред Дагестан и Ингушетија.Од 2010 година на територијата на Северен Кавказ, забележано е значително зголемување на активностите на милитантите. Руските севернокавкаски републики, а особено Дагестан, Чеченија и Ингушетија, се соочени со драматичен пораст на активностите на милитантите, при што напади на полициските и федералните службеници се пријавуваат речиси секојдневно.Во 2011 година за разлика од 2009 година стопроцентно беше зголемен бројот на терористички напади. Руските федерални полициски сили одговорија на тоа со елиминација на повеќе од 300 милитанти. Притоа запленети се преку 1.665 огнени оружја, 1.200 килограми експлозив, како и 110 експлозивни направи. Меѓу убиените бунтовници, 16 беа повидни лидери на милитантите, а спречени се 58 терористички дејствија.
МакфаксНајмалку седум исламистички бунтовници се убиени во операцијата на федералните руски безбедносни сили којашто тр