Во силниот земјотрес кој во вторникот го погоди Иран загинале четири лица, додека нуклеарната централа во градот Бушар е неоштетена и работи нормално, јави интернет страницата на иранската телевизија на англиски јазик Press TVИранскиот сеизмолошки центар на универзитетот во Техеран соопшти за земјотрес со магнитуда од 6,1 степени по Рихтер чиј епицентар ви Каки, 90 километри јужно до Бушер, а бил почувствуван и во главните градови на соседните држави, Дубаи, Катар и Бахреин. Во следниот час биле регистрирани уште пет помали потреси, меѓутоа засега не е познато дали има уште жртви и колкава е материјалната штета.Претставник на руската компанија „Атомстројекспорт“ кој ја гради нуклеарната централа во Бушер за агенцијата РИА Новост, изјавил дека земјотресот се почвуствувал во цнетралата, но дека не влиајел врз нејзината рабтоа.2Земјотресот воопшто не влијаеше врз редовната состојба во реакторот. Персоналот на централата продолжи да работи во секојдневниот режим, а нивото на радијација е во рамките на редовните нивоа“, рекол соговорникот на агенцијата.Иранската агенција Irna наведува дека во земјотресот што се случи по 12.52 часот по средноевропско време, биле уништени целосно две села во близна на градот Курмоџ во областа Бушер.Едното од селата – Шанбе имало 1.746 жители а селото Сана со 1.253 жители, претрпеле големи оштетувања но засега нема информации за евентуални жртви и за размерот на штетите, рекол Мортеза Морадпур, претставник на иранската Црвена полумесечина. Додал дека во моментов во областа зафатена од земјотресот се координираат спасувачките операции при кои ќе биде проценета состојбата.
МакфаксВо силниот земјотрес кој во вторникот го погоди Иран загинале четири лица, додека нуклеарната централа во градот Бушар