Најмалку четири илјади гласачи се запишани во исто време и во избирачкиот список на Косово и во Црна Гора!?

Коалицијата „За иднината на Црна Гора“ објави дека дошла до списокот на голем број луѓе кои се запишани во избирачките списоци во регионот, а кои гласаат во Црна Гора.

Членот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Коча Ѓуришиќ, рече дека при споредување на избирачкиот список на Црна Гора и тој на Косово се забележани најмалку 4.000 гласачи кои се двојно регистрирани.

Меѓу оние двојно регистрирани гласачи, има и јавни службеници и политичари, за што ќе ја информираме јавноста и преставниците на ОБСЕ, рече тој.

Според него, сега е јасно зошто од Косово во Црна Гора може да се влезе со т.н. брз тест за вирусот корона, иако во Косово има најголем процент на луѓе кои страдаат од ковид 19.

Според него, коалицијата За иднината на Црна Гора сака да испрати порака до оние кои гласаат нелегално во Црна Гора, и се внесени во избирачки список на Косово, дека тие прават сериозно кривично дело.

Списокот на овие лица не е конечен, и ние ќе продолжиме да ги откриваме оние што се незаконски внесени во избирачкиот список на Црна Гора, со цел да ги спречиме луѓето кои немаат право на гласаат, да учествуваат во незаконските операции на Мило Ѓукановиќ, заклучи Ѓуришиќ.

На конференцијата, тој ги спомена и имињата и презимињата и возраста на лицата кои се запишани во избирачкиот список во Црна Гора и во Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.