Најмалку четири лица повредени во земјотрес во Кина

Најмалку четири лица се повредени во вторникот во земјотрес од 4,9 степени по Рихтер, го погоди во вторникот југозападниот дел на Кина, јави новинската агенција Синхуа.

 Земјотресот е регистрирани во 10,46 по локално време (03.46 по македонско време) во провинциите Сечуан и Јунан. Според локалните власти, 56 куќи се уништени, а друг 815 се тешко оштетени.
„Многу луѓе истрчаа надвор од зградите кога се затресе земјата, меѓутоа немаше паѓања од делови на објектите. Трговскиот центар ја продолжи работата веднаш штом престана тресењето на почвата”, изјавил за агенцијата еден од локалните жители.
Во моментов, кинеските власти продолжуваат да прибираат информации од спасувачките екипи во оддалечените провинции погодени од земјотресот.
Епицентарот на потресот чие жариште било на длабочина од 6 километри, според податоците на кинескиот центар за земјотреси, China Earthquake Networks Center, бил регистриран на 27,1 степени северна географска широчина и 103,0 степени источна географска должина.
Макфакс
Најмалку четири лица се повредени во вторникот во земјотрес од 4,9 степени по Рихтер, го погоди во вторникот југозападниот дел на Кина, јави новинс

Пронајдете не на следниве мрежи: