Најмалку 10 загинати во серија терористички напади во Ирак

Најмалку десет лица загинаа, од кои двајца кандидати за локалните избори кои треба да се одржат следната седмица, во серијата напади во неделата по локално време во Ирак, пренесува Reuters повикувајќи се на локалните власти.

 Непознат напаѓач пукал ноќта кон неделата во сунитскиот кандидат во градот Баиџи, 180 километри северно од главниот град Багдад. Подоцна, исто така, во неделата експлозивна направа била активирана во градот Мосул во северниот дел на земјата при што загинале пет полицајци.
Неколку часа подоцна од бомба, поставена крај пат во провинцијата Дијала, бил убиен уште еден кандидат на претстојните избори. Исто така, загинале и двајца негови браќа и еден телохранител.
На 20-ти април во Ирак треба да се одржат локалните избори, меѓутоа од безбедносни причини веќе е најавено дека тие ќе бидат одложени во две покраини во коишто е мнозинство сунитското население. Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари.
Минатата седмица најмалку 25 лица загинаа, а повеќе од 60 беа ранети во провинцијата Дијала, кога бомбаш-самоубиец се разнесе во шаторот во кој се одржуваше состанок на кандидат на локалните избори со неговите приврзаници. Сунитскиот кандидат Мутана Ал-Џурани кој беше цел на нападот минатата сабота, доаѓа од политичкиот блок Иракија на премиерот Ијад Алави којшто го поддржуваат сунитите, а чии 10 кандидати се убиени во слични напади претходните денови
Според извештаите во медиумите, најмалку 14 кандидати се убиени низ целата земја. На локалните избори во Ирак се кандидираат осум илјади кандидати.
Најмалку десет лица загинаа, од кои двајца кандидати за локалните избори кои треба да се одржат следната седмица, во с

Пронајдете не на следниве мрежи: