Најмалку 12 луѓе загинаа во четвртокот во експлозија на автомобил бомба во логор во северозападен Пакистан каде се засолнува населението пред судирите на владините сили и исламистичкити екстремисти, јавува порталот Dawn.com повикувајќи се на полициски извори.Автомобилот бомба експлодирал во бегалскиот камп Џалузаи, во областа близу границата со Авганистан која воедно е и база за исламистичките бунтовници кои дејствуваат од двете страни на границата а имаат цел и да ги соборат властите во Исламабад.„Експлозијата одекна при делењето храна на бегалците“, изјави за телевизијата шефот на локалната полиција Мохамад Хусаин, додавајќи дека покрај 12-те загинати, од кои две жртви се деца и две се жени загинати има и околу 35 ранети лица, од кои неколку се во критична состојба. Според него, бомбата била подметната во автомобил, а во експлозијата биле уништени уште три возила паркирани во близината а на местото на детонацијата бил формиран голем кратер.Абдул Хак, претставник на одделот за отстранување експлозиви, за Dawn.com изјавил дека во нападот биле употребени 35 килограми експлозивен материјал.Логорот е засолниште за поголемиот дел од населението од планинските паштунски региони каде што се силните упоришта на пакистанските талибани Техрик-и-Талибан (TTP). Нивниот претставник Ехсанулах Ехсан во меѓувреме ја отфрли одговорноста за овој напад, соопштувајќи дека станува збор за „нечовечен и антиисламски напад врз невини“, какви што ги осудуваат.
МакфаксНајмалку 12 луѓе загинаа во четвртокот во експлозија на автомобил бомба во логор во северозападен Пакистан каде