Најмалку 15 лица загинаа а 78 други се повредени во земјотресот кој во средата попладне по локално време погоди повеќе градови во Авганистан, јавува авганистанската новинска агенција Pajhwok повикувајќи се на болнички извори.Според податоците на американската геофизичка служба USGS, земјотресот со магнитуда од 5,7 степени по Рихтер ја погоди авганистанската област недалеку од границата со Пакистан. Според американските сеизмолози, хипоцентарот бил на длабочина од 62 километра а хипоцентарот на 25 километри североисточно до авганистанскиот град Џалалбад. Според локалните медиуми, пак, жариштето на земјотресот било на длабочина од 66 километри и 11 километри јужно од градот Мехтерлам административниот центар на провинцијата Лагман, која се граници со провинцијата Нангахар.Според некои агенции, потресот се почувствувал со магнитуда од 6,3 степени бил почувствуван и во Индија, во главниот град Њу Делхи и на северот од Пакистан, во погранична со Индија област Кашмир. Во Пакистан биле почувствувани многу афтершокови во повеќе градови во покраините Кибер Пахтунква и Пенџдаб.Во провинцијата Нангахар особено настрадале градовите Кама и Сорхуд, каде што биле урнати многу домови. Од Џалалабад, исто така, пристигнуваат информации за многу урнати и оштетени домови и објекти.Нангалаи Јусафзаи челник на авганистанската Црвена полумесечина за провинцијата Нангахар за Pajhwok изјавил дека се загинати 14 лица и десетици се повредени. Шест од смртните случаи се регистрирани во Џалалбад, а другите во областите Лалпура, Кева, Кама, Дара и Кошта, наведувајќи дека тоа се информации добиени од волонтерите на Црвената полумесечина кои помагаат на теренот.Земјотресите се честа појава во Авганистан, особено во областа на планинскиот масив Хинду Куш во чија близина се протегаат евроазиската и индиската тектонска плоча.На ова подрачје спаѓа и југозападниот дел од Кина каде што минатата седмица во земјотресот со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер загинаа околу 200 луѓе и илјадници беа повредени, како и во земјотресот кој пред десетина дена го погоди Иран во близина на границата со Пакистан, во кој загинаа 35 луѓе.Најмалку 15 лица загинаа а 78 други се повредени во земјотресот кој во средата попладне по локално време погоди повеќе
Пронајдете не на следниве мрежи: