Најмалку 16 лица се повредени во експлозија пред канцеларија на една политичка партија во градот Бенгалор, на југот на Индија, соопшти локалната полиција.Бомбата била поставена на еден моторцикл паркиран недалеку од канцеларијата на опозиционата Барати Јаната Партија која е на власт во државата Карнатака, на југот на Индија, пренесе АФП.„Најнапред помисливме дека се запалени два автомобили паркирани до моторциклот, но бидејќи моторциклот целосно изгоре сфативме дека на него бил поставен експлозив“, изјави полицискиот комесар в Бенгалор.Меѓу повредените имало осум полицајци.Индиската сојузна држава Карнатака има 55 милиони жители, а наредниот месец се одржуваат избори за собранието на оваа држава.
МакфаксНајмалку 16 лица се повредени во експлозија пред канцеларија на една политичка партија во градот Бенгалор, на југот на