Најмалку 17 луѓе од различни националности загинаа, а повеќемина се повредени кога автобус удрил во сообраќаен знак покрај пат во Дубаи, јави Би-Би-Си.
Во автобусот на автопревозничката компанија “Муасалат“ од Оман, имало 31 патник, а несреќата се случила на патот што го носи името на шеикот Мохамед бин Зајед.
Индиските власти соопштија дека меѓу загинатите има осуммина државјани на Индија и дека меѓу повредените има Индијци. Засега нема податоци за националноста на останатите жртви на сообраќајната несреќа.
Возачот на автобусот е повреден, а истрагата е во тек, пренесоа локалните медиуми.