недела, 15 ноември 2026
Најново

Најмалку 18 загинати во судир на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Патнички авион со 60 патници и четири члена на екипажот, се урнал при слетување во Вашингтон. Непосредно пред падот, се случил судар во воздухот со воен хеликоптер. Спасувачки екипи извлекуваат безживотни тела од ледената река. Несреќата се случила околу 21 час по локално време. Авионот летал од Вичита за Вашингтон, а хеликоптерот со кој се судрил бил на тренажен лет.

CBS news повикувајќи се на извори пд полицијата соопшти дека спасувачките екипи пронашле 18 тела на местото на несреќата и дека досега не е пронајден ниту еден преживеан. Властите сè уште не објавиле официјални информации за бројот на жртви.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца војници.

Американската федерална управа за авијација (ФАА) соопшти дека регионалниот авион на ПСА Ерлајнс се судрил во воздух со хеликоптерот Блек Хок додека се приближувал до аеродромот.

Поврзани вести