Најмалку 20 загинати во пожар на илегален пазар во Калкута

Во Калкута, во пожар што го зафати илегалниот пазар, загинале најмалку 20 лица.

Пазарот „Сурја Сен”, во кој се наоѓала висококатница, е сместен во центарот на Калкута на истокот на Индија.
 Голем број луѓе се повредени, а надлежните велат дека бројот на мртви може да се зголеми, затоа што се стравува дека некои луѓе останале заробени во зградата.
 Пожарот, што е изгаснат по три часа, се проширил во зградата во среда во раните утрински часови, додека многумина уште спиеле во тој станбен комплекс.
 „Пазарот има само еден излез и оние кои во текот на ноќта останале таму беа заробени кога изби пожарот”, вели надлежен од министерството за противпожарна заштита.
 На местото на пожарот за многу кратко време стигнале најмалку 25 пожарникари, а повредените се префрлени во блиската болница, пренесува BBC.
 Надлежните велат дека целиот пазар во станбениот комплекс е поставен илегално и дека причина за пожарот сè уште не е позната, но дека можно е да е од лоши инсталации.
 Затоа, велат, било само прашање на време кога ваква несреќа ќе се случи.
 Полицијата сè уште ги истражува сите околности.
 Во последните неколку години во Калкута се случија неколку големи пожари, па така во 2011 година изгореа 90 луѓе во болница, а во 2010 во зградата на судот загинаа 43 лица.
Макфакс
Во Калкута, во пожар што го зафати илегалниот пазар, загинале најмалку 20 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: