Најмалку 208 загинати и илјада тешко повредени од земјотресот во Кина

Бројот загинати од земјотресот со магнитуда од 6,6 или од 7,0 степени по Рихтер што во саботата наутро ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан постојано расте и во понеделникот наутро се искачи до 208 загинати а илјада луѓе се здобиле се тешки повреди.

 Како што пренесува Reuters повикувајќи се на локалните власти, според последните податоци бројот на повредените надминал 11.800 луѓе. Вкупно, со земјотресот на некој начин настрадала повеќе од 1,5 милион жители на провинцијата Сечуан.
Исто така, кинеските власти го зголемија и бројот на лица ангажирани во операцијата за потрага и спасување на лицата под урнатините, па сега се вклучени повеќе од 10 илјади војници, лекари и спасители. Со операцијата на лице место раководи новиот кинески премиер Ли Кјецјанг.
Во областа продолжува сеизмолошката активност, а од саботата наутро се регистрирани повеќе од илјада подземни удари од кои над стотина биле со магнитуда околу 3 степена по Рихтер.
Земјотресот чијашто магнитуда кинеските сеизмолози ја проценуваат на 7,0 степени по Рихтеровата скала, беше регистриран во саботата наутро во провинцијата Сечуан во југозападниот дел од Кина. Хипоцентарот на потресот бил на длабочина од 13 километри, а неговиот епицентар бил во областа Лушан во градскиот округ Ја'ан, 150 километри од административниот центар Ченду.
Провинцијата Сечуан е една од најсеизмички активните зони во Кина. Пред пет години, на 12-ти мај 2008 година, во оваа провинција беше регистриран најмоќниот земјотрес што ја погодил Кина во последните 30 години со магнитуда од 8,0 степени според Рихтер. Според официјалните податоци, во потресот загинаа или уште се водат како исчезнати вкупно 87.150 луѓе (за 69.195 потврдена е смртта, а 18.392 се водат за исчезнати), а повредени беа 374 илјади луѓе, додека милиони останаа без своите домови. Сеизмолозите наведуваат дека земјотресот од саботата не е никако поврзан со трагедијата од 2008 година.
Земјотресот во кинеската провинција Сечуан беше петти на светот во овој април, а од почетокот на годинава се регистрирани 23 големи земјотреси во светот, во кои загинаа повеќе од 230 луѓе.
Макфакс
Бројот загинати од земјотресот со магнитуда од 6,6 или од 7,0 степени по Рихтер што во саботата наутро ја погоди југоз

Пронајдете не на следниве мрежи: