Најмалку 28 загинати во поплавите во Индија: Повеќе од 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови

Најмалку 28 лица загинаа во последните три дена во поплавите во западна Индија, соопштија властите.

Реките во Гуџарат, држава на западниот брег на земјата, се излеаа од коритата и повеќе од 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Во акциите на припадниците на итната помош и армијата беа спасени околу 1.850 луѓе.

Властите во Гуџарат соопштија дека 13 лица се удавиле, а други загинале при уривање на куќи.

Околу 1.000 села останаа без струја.

Метеоролошките служби предупредија дека денеска се очекуваат обилни дождови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.