Најмалку 50 загинати во поплавите во Непал

Непал го зафатија монсунски дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а до сега бројот на загинати достигна 50 луѓе изјави шефот на Националниот центар за вонредни ситуации Лакшим Прасад Дакал.
19 лица од руралните средини во северниот дел на Непал и планинските делови се водат како исчезнати, а 7,000 лица се раселени. Во периодот од средината на јуни до почетокот на јули 800 домови се целосно уништени, а 1,500 се делумно оштетени.
Властите очекуваат уште жртви. Инаку, Непал секоја година се справува со монсунските дождови кои предизвикуваат стотици изгубени животи и поплави. Непал го зафатија монсунски дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а до сега бројот на загинати дост

Пронајдете не на следниве мрежи: