Најмал број на новозаразени во Србија од 21 јуни: 100 луѓе заразени со корона се регистрирани за 24 часа

Бројот на новозаразени од коронавирусот во последните 24 часа во Србија е 100.

Во тој период биле извршени вкупно 7.352 тестови. 

Уште три лица починаа во Србија како резултат на овој вирус.

Досега во Србија починати се 677 лица. Вкупниот број регистрирани случаи е 29.782, а досега се тестирани 811.920 лица во земјата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.