НАЈМЕКАТА ПОГАЧА БЕЗ КВАСЕЦ: Брзо се прави, не се чека да расте и не се меси

Зар има нешто поубаво од тоа кога куќата ќе замириса на врела домашна погача, тазе испечена, мека, вкусна и топличка. А уште подобро е тоа што за нејзиното приготвување треба да издвоите едвај 5 минути.

рецепт 1




Станува збор за погача која се приготвува без квасец, односно со малку прашок за печиво и млечен ферментиран производ како кисело млеко, јогурт или павлака, кој на тестото му дава прекрасна мекост и беспрекорен вкус. Мека, вкусна и брза погача, која секој може да ја направи. Во продолжение прочитајте два рецепти, еве што ви е потребно:




рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Јелена Петровиќ): 400-450 г брашно, 1 мала лажичка сода бикарбона или прашок за печиво (1/2 кесичка), 3 супени лажици масло, 200 мл јогурт, 100 мл газирана вода, малку сол (1 лажичка)

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Драгана Михајловиќ): 450 г брашно, 250 г кисело млеко, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 80 мл масло, 1 лажичка сол и малку млеко за премачкување и сусам за наросување.




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во подлабок сад просејте го брашното (400 г) заедно со прашокот за печиво и солта, па додајте три супени лажици масло, една чаша јогурт (200 мл) и половина чаша газирана вода (100 мл).




Измешајте со лажица или шпатула додека да се соединат состојките во меко тесто, а потоа додајте уште малку брашно за да можете со рака да замесите комапктно, меко тесто. Нема потреба од многу месење, само со неколку зафати, колку да се формира топка.




Истресете го на набрашнета површина, па со помош на раце или оклагија обликувајте ја погачата со величина на садот/тепсијата во кој ќе се пече (на дното малку намастен и обложен со хартија за печење).




Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, а после 10-15 минути избоцкајте ја погачата со виљушка и наросете ја со малку брашно или скроб, па ставете да се пече во загреаната рерна приближно 45-50 минути или додека да зарумени. Видеопрезентацијата можете да ја погледнете на дното од текстот, после постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во подлабок сад измешајте (просеано) 450 г брашно, една кесичка прашок за печиво (10 г) и лажичка сол. Потоа додајте 80 мл масло, 250 г кисело млеко (или кефир или цврст-густ јогурт).




На крај додајте едно јајце и убаво промешајте. По потреба може да додадете и малку млака вода (или газирана вода) доколку ви се чини дека тестото е суво. Промешајте добро со лажица а потоа фатете и со рака за убаво да се изедначи тестото. Не е потребно многу да се работи, туку само колку да се изедначат состојките.




Калапот/тепсијата во која ќе се пече погачата, намастете ја со малку масло и наросете ја со малку брашно. Вишокот истресете го. Тестото пренесете го во тепсијата и со раце истапкајте го до ѕидовите. Одозгора премачкјате ја погачата со малку млеко и наросете сусам.

Потоа оставете ја да отстои 10-15 минути, додека се загрева рерната на 200 степени. Ставете ја погачата да се пече во загреаната рерна околу 25 минути додека убаво да зарумени. Деталите од рецепт 1 можете да ги погледнете ОВДЕ, а од рецепт 2, ОВДЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: