Најмладиот пациент со Ковид-19 е двегодишно дете

Пристигнатите резултати од тестовите на на штипските епидемиолози, покажуваат дека најмладиот позитивен на Ковид 19 во Штип е две годишно дете. Денеска се регистрирани 33 нови случаи, со што бројот на активни случаи во општината се искачи на 333. Од Центарот за јавно здравје информираат дека во моментот се прават епидемиолошки анкети за новите позитивни случаи.
Досегашните анализи покажале дека сите потекнуваат од фабричките кластери. 90 % од последните случаи се работници или нивни контакти од осумте конфекции каде се појави заразата-стенд ап
Досега се излекувани 303 пациенти, а 11 ја загубија битката со корона вирусот. Последниот беше вработен во локалната самоуправа, па во домашен карантин се ставени двајца негови колеги, а просториите се дезинфицирани. На инфективно одделение хоспитализирани се 52 пациенти, а на 8 од нив им е потребна повремена кислородна поддршка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.