Изминатите 24 часа најмногу дожд имало во Охрид и Попова Шапка каде се измерени 2 l/m2
1 l/m2 во Пожаране и Маврови Анови.
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени.