Најмногу снег има во Маврови Анови

Највисока снежна покривка утрово има во Маврови Анови – 17 сантиметри, на Попова Шапка и Крушево – 14, во Тополчани 13 , во Лазарополе – 12 и во Битола еден сантиметар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Македонија денес ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, студено и ветровито. Во северните делови ќе провејува слаб снег. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер.
Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.
Од УХМР најавуваат период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.