недела, 15 ноември 2026
Најново

Најмоќниот американски воздухоплов е подготвен за напад врз Иран: Сателитските снимки потврдуваат дека 11 авиони Ф-22 се распоредени во Израел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неодамнешните сателитски снимки од кинеската компанија „Мизарвижн“ покажуваат дека 11 американски борбени авиони Ф-22 се распоредени неодамна во воздухопловната база Овда во јужен Израел, јавува Си-Ен-Ен.

Авионот од петта генерација Ф-22 Раптор, кој за првпат се појави во среда на слики од „Планет Лабс“, претставува најново значително зголемување на американското воено присуство на Блискиот Исток, во време кога се во тек преговори меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Иран, според Си-Ен-Ен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ф-22 Раптор е борбен авион наменет за воздушни и копнени операции.

Тоа е првиот американски авион со можност за „суперкрстарење“, што значи дека може да лета со брзина поголема од брзината на звукот подолг временски период без да користи дополнително гориво.

САД не дозволуваат продажба на авиони Ф-22 на други земји поради чувствителната и класифицирана технологија со која се опремени, според Си-Ен-Ен.

Воздухопловните сили на САД истакнуваат дека Ф-22 ги надминува сите познати или планирани борбени авиони во светот.Цената на еден авион е околу 143 милиони долари, што значи дека во базата Овда моментално се наоѓа воена опрема вредна повеќе од 1,5 милијарди долари.

Си-Ен-Ен претходно објави дека се очекува вкупно 12 авиони Ф-22 да пристигнат во Израел.

Поврзани вести