Најнељубезни таксисти има во…

Возењето низ големите светски метрополи како Рим или Париз со сопствен автомобил може да биде прав пекол, но проблемот нема да го решите доколку повикате такси.
Неодамна спроведена анкета покажа дека најљубезни таксисти има на грчкиот остров Родос и на популарното турско летувалиште Мармарис, додека француските и италијанските таксисти се прогласени за најнељубезни од сите.
Меѓу првите кои исто така понудиле квалитетна услуга и љубезност се нашле и таксистите во Тенерифе, Њујорк и Мајорка. А, малку поквалитетна услуга од Рим и Париз понудила шпанска Ибица.
86% од испитаниците за љубезни таксисти ги сметале оние кои сакале многу да зборуваат, додека 42% оние таксисти кои за време на возењето им давале совети или ги запознавале со историјата, обичаите и традицијата на местата каде патувале.
Кога биле прашани кои таксисти ги сметале за нељубезни , 52% од испитаниците кажале „оној од кој нема никаква корист“. Возењето низ големите светски метрополи како Рим или Париз со сопствен автомобил може да биде прав пекол, но проблемот

Пронајдете не на следниве мрежи: