Пакет наменет за поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, сличен на експлозивните пакети кои се испратени до истакнати демократи, е откриен денес во поштенски објект во Далавер, изјави полициски претставник. ФБИ ја потврди полициската активност во Њу Касл во Делавер.
Претходно њујоршката полиција откри сомнителен пакет испратен на актерот Роберт де Ниро.
Во изминатите неколку денови во САД се откриени повеќе пакети со импровизирани експлозивни направи, наполнети со парчиња стакло. Засега ниту една бомба не експлодира и нема повредени.