среда, 25 ноември 2026
Најново

Најновиот сомнителен пакет испратен за Џо Бајден

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пакет наменет за поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, сличен на експлозивните пакети кои се испратени до истакнати демократи, е откриен денес во поштенски објект во Далавер, изјави полициски претставник. ФБИ ја потврди полициската активност во Њу Касл во Делавер.
Претходно њујоршката полиција откри сомнителен пакет испратен на актерот Роберт де Ниро.
Во изминатите неколку денови во САД се откриени повеќе пакети со импровизирани експлозивни направи, наполнети со парчиња стакло. Засега ниту една бомба не експлодира и нема повредени.

Поврзани вести