Цената на бензинот и дизелот со најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика која важи од вчера повторно се зголеми.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапеа ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи РКЕ. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар. Единствено мазутот М-1 НС поевтине за 0,078 денари и еден килограм чини 34,377 денари.
Оваа е последна одлука на РКЕ која се носи според досегашната методологија. Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да се пресметува производна цена. Основа при одредувањето на цените ќе биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошокот за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошокот за маржа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапеа ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи РКЕ. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар. Единствено мазутот М-1 НС поевтине за 0,078 денари и еден килограм чини 34,377 денари.