„Најпаметната“ мерка до сега: Во дискотеките дозволено само седење

Во Македонија бројот на троцифрени заболени на дневно ниво веќе не е нешто спектакуларно, од причина што тоа се случува речиси секој ден во последните две недели.
Сега драмата е на Балканот, во државите кои многу пред нас прогласија „победа“ над вирусот, со тоа што ги олабавија мерките, а во Србија имаше и избори, како и спортски натпревари со публика.
Но, факт е дека вирусот не е победен, далеку од тоа. Тој зема нов зафат, а ситуацијата во соседна Србија е до толку опасна, што во последните 24 часа имаа регистрирани 352 нови случаи.


Во 10-тина општини и населени места има строги мерки, воведено е ограничување на движењето, а чекор понатаму во мерките измисли Ниш, што зачуди многумина – но можеби и ќе вроди со плод.
Ниш донесе одлука секој граѓанин задолжително да носи маска на отворено, а од претходно има одлука и за маски на затворено. Ограничено е собирањето до најмногу 100 лица во затворен и 500 лица на отворен простор.
Новите мерки ќе бидат од 4-ти до 19-ти јули, а во спроведувањето на истите ќе има контрола од полиција и инспекција.
Најчудна е одлуката да нема забрана за работа на ноќните клубови и дискотеките – во нив ќе може да одите, но нема да биде дозволено стоење, односно ќе може само да се седи. Се поставува прашањето – како ќе се забавувате во дискотека – седејќи?!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.