Најплодната жена на светот, која роди 43 деца, реши дека повеќе нема да раѓа

Мариам Набатанзи (41) од Уганда досега родила дури 43 деца, од кои на петпати четворки, четирипати на свет донела тројки и шест пати близнаци. Така, била бремена „само“ 15 пати, а родила 43 деца. Сепак, повеќе нема да раѓа.
Во јавноста првпат се појави откако ја напушти сопругот пред три години, па остана сама со своите деца.
Лекарите од Кампала големата плодност кај Мариам ја објаснуваат со нејзините големи јајници, но сметаат и оти боледува од ретка генетска состојба, пишуа „Мирор“.
Мариам соопштила дека лекарите неодамна и’ ја отстраниле матката и оти повеќе нема да може да има деца. Таа се омажила на 12 години, а нејзиниот доскорешен сопруг тогаш имал 40.
Животот уште од мала не ја галел. Сега, за да заработи повеќе пари за децата, се занимава со фризирање, собира и продава стар метал, растителни лекови…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.