Најпознатиот доктор на светот бил во заблуда, не ги забележал симптомите на болест кај својата мајка

Доктор Мехмед Оз, најпознатиот лекар на светот и на некои омилено телевизиско лице, на Инстаграм споделил вест дека неговата мајка Суна, боледува од Алцхајмерова болест.
„Сите знаци беа тука, но не ги препознав“, вели лекарот кој повеќе од 10 години го следат милиони гледачи ширум светот.
Вели дека за болеста на неговата мајка дознал неодамна, а најболно му било тоа што знаците иако биле присутни, тој не ги забележал.


„Кога стана потврдоглава, вината ја препишав на нејзините години. Мојата сестра забележа дека после 60 години почнала да се шминка поинаку, но тоа го задржа за себе. Кога мајка ми почна да раздава разни работи по луѓе кои едвај ги познава, помислив дека само се обидува да си помогне себеси после смртта на мојот татко“, напишал лекарот и истакнал дека тие мали промени го означувале почетокот на болеста.
„Беше болно да се признае дека здравјето на мојата мајка се влошува, но тоа нѝ овозможи што поскоро да ѝ пружиме помош.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.