Најпознатиот кардиохирург на светот тврди: Појадокот е зло, дајте го на непријателот (ВИДЕО)

Познатиот руски кардиохирург, професор и академик на Руската академија на науките, воедно и главен кардиохирург на министерството за здравство на Русија, ја поби тезата за традиционалната исхрана. Според неговите зборови, она што сите го знаеме за храната е лага.
-Онаа познатата изрека: Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата дај му ја на непријателот е потполна глупост. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работна сила, а вие седнувате на маса и јадете многу месо, неколку кришки леб и со тоа дополнително консумирате некаков пијалок. Тргнувате на работа со полн стомак. Тогаш сте си тешки на самите себе.
Кога соработував со Американците, забележав дека голем број хирурзи наутро пијат само една шолја кафе. Дури на пладне јадат еден сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат или се одмораат.
Значи, појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но, не во доцните часови) и на крај прошетајте пред спиење или вежбајте.
Според моето искуство љуѓето кои го прават тоа живеат долго и здраво.
Овој совет на познатиот руски хирург го потврдија и неговите истражувања спроведени на Универзитетот “Корнел“. Таму било тестирано и како луѓето кои го прескокнуваат појадокот лесно ја намалуваат својата килажа.
-Сфаќам дека прескокнувањето на појадокот е во спротивност со сето она што го знаете за здравата храна, но новите податоци не носат до сериозно размислување да се откажеме од појадокот. Секако, тоа се однесува на луѓето со добро здравје. Луѓето кои имаат проблем со дијабетис или хипогликемија, не смеат да го прескокнат појадокот, додават од институтот.

 
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.