Потврдата за најпопуларен хотел на Instagram годинава ја доби Qasr Al Sarab Desert Resort во Абу Даби.
Luxury Travel Advisor спроведе интернет анкета со цел да открие кој е најпопуларниот хотел на Instagram. Победата му припадна на хотел што се наоѓа во пустина, во Абу Даби. Станува збор за хотел со пет ѕвезди, сместен во пустината Руб ал Кали.
Одморалиштето има 206 соби, а цените се движат од 354 долари за ноќевање на тричлено семејство во соба со сопствена градина до 1.225 долари за најскапата соба со сопствен базен и балкон со поглед кон пустината.
„Овој хотел е осмислен да им помогне на гостите да се чувствуваат далеку со километри од брзиот градски стил на живеење“, вели менаџерот Адриан Стопе за Business Insider.
Особено доживување е зајдисонцето.