Најпосакуваниот доктор на светот: Жените кај него и здрави би чекале на ред

37-годишниот Џовани Анџиолини станал вистински хит на Инстаграм, а неговите заводливи фотографии ги оставија жените ширум светот без здив.
Имено, Анџиолини од Италија е веќе прогласен за најпосакуван доктор на светот. Тој завршил медицина, а потоа специјализирал во полето на ортопедијата и трауматологијата.
Висок е 186 центиметри и тежок 80 килограми, а совршените стомачни мускули и заводливата насмевка се главните виновници за големиот број обожавателки.


На Инстаграм го следат повеќе од 270 илјади луѓе, а на својот профил тој секојдневно објавува предизвикувачки и разголени фотографии со кои ги освојува женските срца. Тој во 2015 година учествувал во италијанската верзија на “Big Brother”, но неодамна постигнал светска популарност благодарение на профилите на социјалните мрежи.


Џовани Анџиолини обожува да патува низ светот, а своите доживувања ги споделува со следбениците на Инстаграм и Фејсбук. На голема жалост на обожавателките, сексапилниот доктор веќе некое време е во врска со манекенката и фитнес тренерката Ниевес Болос која е со потекло од Барселона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.