– Бранителот на трофејот и рекордер според бројот на освоени грен – слем турнири, Шпанецот Рафаел Надал, претрпе пораз денеска во 2. коло на Австралија опен од американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 4-6, 4-6, 5-7.
Надал се повреди во завршницата на вториот сет по што побара лекарска помош. Во продолжение на дуелот имаше проблеми со движењето, но сепак го заврши натпреварот и по два часа и 31 минути мораше да го признае поразот од 27-годишниот Американец, рангиран на 65. место на АТП листата.
За Шпанецот, кој во кариера има освоено рекордни 22. грен – слем титули, ова е најрана елиминација на Австралија опен од 2016 година, кога во 1. коло беше совладан од сонародникот Фернандо Вердаско.
Мекдоналд во 3. коло за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Јапонецот Јошишито Нишиока и Далибор Сврчина од Чешка.