24-годишниот Роб Хајсинг од Велика Британија е косопственик на ланецот “Pan ‘n’ Ice” кој има штандови во трговските центри во Лондон и Манчестер, а тој добро знае како да го привлече вниманието на јавноста.
На социјалните мрежи, снимките на кои Британецот прави сладолед, забавувајќи се, стануваат сѐ попопуларни. Тој вели дека сладоледот е секси и се движи како да води љубов.
View this post on Instagram
Неговото гледање во камерата е особено провокативно, тврдат жените ширум светот.
Објавата на Твитер за Денот на жената имала повеќе од 6,8 милиони прегледи и над илјада коментари. Во видеото зборува дека тоа што го гледаат е “за сите убави дами” и ја повторувал фразата – “сладоледот ги прави момците сексапилни”.
Движењата му се прилично провокативни и алудираат на оние во текот на водењето љубов. И додека жените го обожуваат, мажите сметаат дека претерува со обидите да шармира и му пронаоѓаат маани, пренесува “Daily Mail”.