Најскапиот дом на светот? Облакодер вреден 1 милијарда долари, а многумина го исмеваат

Облакодерот има и приватна гаража во која што се наоѓаат над 160 автомобили, има и три хелиодроми, многубројни градини, храм, кино со капацитет од 50 седишта и дворец за балови.
„Antillia“ е името на облакодерот на Алтамоунт Роад во Мумбаи – Индија, кој што воедно се смета за најскап дом на светот и во кој што живеат членовите на кралското семејство.
Облакодерот е во сопственост на индискиот милијардер Мукеша Амбани кој што таму живее од 2012-та година, а својот дом тој го платил една милијарда американски долари.


Оваа година неговата вредност се проценува на 2.2 милијарди долари, но и понатаму тој не е најскапиот дом на светот.
Таа титула ѝ припаѓа на Бакингемската палата во Лондон во која што живее британската кралица Елизабета II.
„Antilla“ името го добила по фантомскиот остров во Атлантскиот океан кој што е извор на многубројни легенди.


Облакодерот е висок 173 метри, а има вкупно 27 катови. Го дизајнирале архитекти од американската компанија „Perkins & Will“, со мотиви од сонцето и цветот лотус.


Откако е изграден во 2011-та година, тој е предмет на исмејување од локалните жители.
Шест катови кои што се наоѓаат на врвот од зградата резервирани се за богатите индиски семејства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.