Најскапиот стан во Европа чини 75 милиони евра, има спектакуларен поглед, а кога ќе го видите ќе сфатите зошто неговата цена е толку висока

Најскапиот стан во Европа се наоѓа во Монако, веднаш покрај патеката за “Големата награда на Формула 1”.
“Панорамата” се продава по цена од 75 милиони евра.
Има шест спални соби, пет подруми и четири паркинг места, а кога ќе ви здодее друштвото со богатите и славните, можете да побегнете на огромната тераса, која го окружува станот со површина од 705 квадратни метри и од каде има спектакуларен поглед на Монако и славното пристаниште Херкулес.


Станува збор за една од малкубројните пристаништа со длабока вода на Азурниот брег, која е интересна и поради тоа што тука е снимен филмот за Џејмс Бонд – “Златно око”.
Апартманот има пространо претсобје и голема кујна со перална, како и домашно кино, опремено со најмодерна техника и совршена звучна изолација.
Главната спална соба има гардероба и бања, но постојат и тоалет за гости и одвоена гардероба.
Тука е и дневната соба со посебно претсобје, трпезарија, кујна и канцеларија, како и огромна тераса со две простории кои гледаат на пристаништето, Кнежевската палата на Монако и околните брда.
Станот е уреден во арт деко стил и опремен со најмодерна техника.
Луксузниот апартман е совршено место за семејство кое сака да живее во Монако.
Би биле блиску до се што има Монако да понуди, а заедно со станот, кој е подготвен за вселување, идниот сопственик ќе добие и мебел, изработен по мерка.
Монако е најмалата држава-град на светот, а позната е како центар на богаташи и ѕвезди.
Први соседи на идните станари ќе им бидат Формула 1 ѕвездите Луис Хамилтон, Нико Росберг, Дејвид Култхарт и Џенсон Батон, а ќе имаат и многу шанси да се сретнат со холивудски ѕвезди, пејачи и супермодели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.