„Барби“ е можеби најпознатата кукла во светот. Првата „барбика“ е произведена 1959 година, па денес, овој бренд важи за најпосакуваната кукла.
Сепак, според американската интернет-страница „Колектми“ (Collectme), првата „барбика“ од 1959, не е и најскапата денес… Иако тогаш чинела три долари, а сега се проценува на 15 – 20.000 долари. Следат 10-те највредни „барбики“:
На врвот е онаа изработена од Стефано Кантури, продадена на аукција за 302.500 американски долари (рекорд на сите времиња).
Таа е направена во 2010 година, заради собирање средства за борба против ракот. Содржи оригинални розови австралиски дијаманти и смарагд.
Промо-куклата „Барби и дијамантскиот замок“ е проценета на 94.800 долари, а „Де Бирс“ за 40-годишнината сега чини 85.000 долари. Натаму, Оригиналната „Барби“ (1959) вреди 27.450 долари, „Барби во полноќно црвено“ – 17.091 долари, „Барби со розов дијамант“ – 15.000 долари, „Барби во Миднајт пинк“ – 8.557 долари, „Барби за прослави на крајот на годината“ – 7.500 долари, „Лорејн Шварц“ барбиката – 7.500 долари, а „Карл Лагерфелд“ се проценува на 6.000 американски долари.
Многу од овие кукли се толку вредни бидејќи се произведени во ограничени тиражи. На пр., „Карл Лагерфелд“ од 2014 година имаше само 900 примероци. А пак, „Де Бирс“, како и „Стефано Кантури“, е така скапа поради дијамантите.