Најстарата личност на светот почина на 117 години

Нејзиното име е Чија Мијако и таа починала на 117-та годишна возраст. Ова го соопшти гувернерот на префектурата Канагава, јужно од Токио,каде што живеела Мијако, пренесува агенцијата АР.


Мијако е родена на 2-ри мај, 1901-ва година. Станала најстарата личност на светот во април, откако Наби Таџима, на островот Кикаи во јужниот дел на Јапонија починала на 117-та година.


Мијако сакала калиграфија, во што до неодамна уживала, но сакала да јаде и суши и јагули. Министерството за здравје соопштило дека 115-годишната Кане Танака од Фукуока, јужно од Јапонија, сега е најстарата личност на светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.