Најстариот крал на Европа, Харалд V, добил постојан пејсмејкер

Најстариот крал во Европа, норвешкиот крал Харалд V, на возраст од 87 години, вчера добил постојан пејсмејкер поради слаб пулс и ќе остане во болница во следните неколку дена, пишува Асошиетед прес.Кралското домаќинство објави дека кралот добил пејсмејкер во Универзитетската болница во Осло.Харалд V се разболел за време на приватен одмор со неговата сопруга Кралицата Соња на малезискиот туристички остров Лангкави, поради што бил итно пренесен во Норвешка со медицински авион.И покрај годините на здравствени проблеми и операција за замена на срцеви залистоци во 2020 година, Харалд V редовно изјавува дека не планира да абдицира.Неговата функција шеф на државата, која е церемонијална и без политичка моќ, ќе ја наследи неговиот 50-годишен син, принцот Хакан.

Пронајдете не на следниве мрежи: