Според научниците, сокот од калинка има три пати поголем антиоксидантен капацитет од истата количина на зелениот чај или црвеното вино. Калинката е едно од најстарите видови на овошје кои се познати во човештвото.
Ова хранливо овошје е богато со антиоксиданси и отсекогаш симболизира здравје, плодност и вечен живот. Нејзиниот сок, семките и маслото се многу популарни. Според многу истражувања, станува збор за едно од најлековитите овошја на светот, поради благотворните влијанија на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем.
Научниците утврдиле дека антиоксидантниот капацитет од сокот на калниката е дури три пати посилен од истата количина на зелениот чај или црвеното вино, додека екстрактот од калинката делува и до десет пати повеќе.
Според нивните препораки, една чаша сок од калинка дневно може да го намали ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести.
Просечната енергетска вредност на 100 грама калинка е 74 калории. Таа е богат извор на калиум, а содржи и магнезиум, фосфор, калциум, железо и бакар.
Одличен извор е и на Витамин Б5, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид.
Сто милиграми калинка, содржат 16% од препорачаната дневна количина Витамин Ц.
Содржи фитохемикалии, кои поттикнуваат создавање на сератонин, за подобро расположение и естроген, за одржување на коскената маса. Клиничките истражувања покажуваат дека состојката која се наоѓа во калинката, т.н. пуникалагин, го подобрува здравјето на срцето и крвните садови. Го намалува холестеролот и притисокот и го забрзува разградувањето на крвните згрутчувања, настанати од атеросклероза.
Сокот од капинки го намалува ризикот од појава на неколку видови рак, штити од остеопороза и Алцхајмерова болест, го зајакнува имунитетот, здравјето на забите, ја уништува ешерихијата и стафилокока, го успорува стареењето, го чува здравјето на срцето и крвните садови, ја подобрува еректилната функција.
Маслото од капинка е богато и хранливо и може да се применува локално и орално во козметички и медицински цели. Според истражувањата, штити од рак, дијабетес, дебелеење и срцеви болести. Богатството со атниоксиданси, го прави маслото од калинка моќен сојузник на стареењето.