Најтрофејната светска нација Бразил, петкратниот светски првак и еден од најголемите фаворити за „златниот трофеј“ во Катар постави нов рекорд на Мундијалите откако со две победи вчера го визираа осминафиналето како една од трите селекции досега покрај светскиот првак Франција и Португалија.
Бразилците, кои се рекордери по бројот на настапи на Мундијалите, бројот на дадени голови, бројот на освоени трофеи и победи, сега постави рекорд од 17 меча по ред на Мундијалите без пораз во групната фаза.