Најубавата жена на светот ги открива своите ставови за убавината

Анџелина Џоли се смета за најубавата жена на светот, а ретко кој не би се согласил со ова. Неодамна, таа ги открила своите мислења и ставови за теми поврзани со убавината и открила кои козметички препарати секогаш ги носи во својата чанта.
За експериментите во детството
“Како дете, не бев типична девојка. Знаете, некои девојки често си правеа фризури една на друга и измислуваа нови. Тоа е симпатично, но јас не бев таква девојка. Сега во тренд е руса коса, а кога бев дете, користевме посебни производи со кои косата добиваше сјајна нијанса”.
За козметичките производи
“Мојот главен производ за секој ден е коректорот. Се чувствувам многу поудобно кога тој се наоѓа во мојата чанта. Доколку во прашање е вечерно излегување, тогаш користам црвен кармин. Јас носам само една посебна нијанса на црвена боја, а имам и ајлајнер во црна боја и маскара. Мојата козметичка торбичка е прилично здодевна”.
За проблемите со кожата

“Од мојата 11-та година имам темни дамки на кожата кои периодично ми се појавуваат. По бременоста, овие дамки ми станаа уште поизразени. Затоа, одвреме-навреме користам IPL третман”.
За стареењето
“Сега кога се гледам во огледало, сè повеќе ја гледам мојата мајка, а оваа сличност ме радува. Разбирам дека стареам и ги прифаќам овие промени. Тоа значи дека живеам. Секако, не ги сакам темните дамки на кожата и другите недостатоци, но се сакам себеси и своите години”.
За лекциите од нејзината мајка за убавината
“Секој пат кога бев вознемирена, мојата мајка ми велеше: Отвори ја душата за мене. Секој има свој концепт на убавина, но верувам дека најубавата работа е интелектот. Човек со јасен ум кој знае како треба да размислува е многу секси. Не постојат поатрактивни квалитети од промисленоста и чувствителноста. И ниту една козметика не може да ја скрие празната глава или грубото срце”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.